НОВО: ТВ сервери со почетна цена од 2,900 денари месечно
  • денови,
  • часови,
  • минути,
  • секунди

Информација до сите лојални клиенти

 Saturday, April 13, 2024

Почитувани,

Во текот на изминатите месеци Воедно и во текот на месец април добивме повици од нашите лојални  клиенти со поплаки дека неколку лица се претставуваат Во име на МКД Хостинг како и партнер на SHOUTcast.mk, се со цел да се придобијат клиентите.

Им нудат бесплатен стриминг хостинг со купен пакет со изготовка на Веб страница која чини доста пари и воедно стриминг цената е вклучена и во изградбата на страната.

Исто после изминат период започнуваат со наплата и за стриминг хостингот, во зависност од слушателите, квалитетот,каков панел ќе користите и слично.

Поради тоа ние како компанија со 25+ години искуство Обрнуваме особено внимание и грижа за интегритетот, усогласеност со прописите и етичките норми и веруваме дека градењето на култура на доверба значи отворена можност да пријавиме недоследности или неправилности во било која ситуација.

Лицата В.А и Г.К се лица кои кои го прекршуваат правилникот на нашата компанија и за сето тоа да изгледа уште поверодостојно го имаат и закупено доменот shoutcast.com.mk и испраќаат е-маил маркетинг и се јавуваат телефонски до сите наши постоечки лојални корисници ширум Македонија и Балканот.

Тимот на SHOUTcast.mk има  изграден систем за дојавување на неправилности на системот и серверите благодарение на CloudTV како матична компанија на SHOUTcast.mk, каде што вработените во SHOUTcast.mk и други засегнати страни, можат безбедно и анонимно да пријават било какво сомневање или искуство за чин на непрофесионално однесување. 

Системот е создаден и функционира на начин кој обезбедува комплетност, веродостојност и доверливост на информациите и оневозможува пристап до истите од страна на неовластени лица.

Доколку ја игнорирате оваа порака која неможе да биде оттргната при секоја најава на  нашата Радио и ТВ медиа платформата и добиете повик со презентација на радио и ТВ медиа пакети да пријавите непрофесионално однесување преку нашиот систем, 

Во случај доколку ги прифатите нивните понуди и се префрлите на друг панел кој не е во својство и сопственост на SHOUTcast.mk и на некој начин бидете измамени, ние како Компанија SHOUTcast.mk не одговараме.

Ве охрабруваме да пријавите какво било непрофесионално однесување од трети лица кога ќе забележите:

Повреда на деловната етика и деловните стандарди од страна на SHOUTcast.mk или пак, трети лица кои го застапуваат SHOUTcast.mk;

Ние како компанија 25+ години се грижиме и настојуваме да нема Прекршување на политиките на SHOUTcast.mk и вредностите на компанијата кои се поврзани со менаџмент практиките и деловното фер однесување кон корисниците.

Ситуации поврзани со нерегуларности во работењето, внатрешни контроли, ревизија и финансиско известување, фактури и слични информации на трети лица; или намерни дејствија со цел неовластено да се остварат придобивки, како што се пари или услуги тоа е строго забрането кај нас.

Досегашното наше искуство го имаме докажано во овие дваесетина години.

Сме имале можност да продаваме информации од нашите клиенти или трети лица на маркетинг агенции за било какви цели но секогаш сме биле професионални во правата на сите корисници.

Затоа Ве информираме и за било какво Сомневање за вмешаноста на SHOUTcast.mk во злоупотреба или прекршување на човековите права, како и деловни и други начини на однесување кое го прекршува почитувањето на човековите права;

Значајни прекршувања поврзани со антимонополски закони или правично тргување, шпионажа или саботажа и прекршување на безбедноста на информациите.

Не мора да ги имате сите детали или да бидете сигурни дека нешто не е во ред за да предизвикате и покренете загриженост. 

Ние ќе ги третираме вашите дојави сериозно, правично и навремено и ќе преземеме акција доколку нешто треба да се поправи. 

На Ваша волја, извештајот може да биде целосно анонимен.

Ве молиме имајте предвид дека системот е наменет за поплаки од страна на клиентите. 

Во такви ситуации, Ве молиме користете ги каналите за грижа за клиентско искуство.

Анонимност и Aнти-одмазда

Ние како компанија SHOUTcast.mk не толерираме дискриминација или одмазда кон лица кои со добра волја поднесуваат дојава или се дел од процес на докажување. 

Затоа, користиме ефективни, доверливи и безбедни канали за известување и со тоа осигуруваме ефективна заштита од одмазда за укажувачите.

Ако мислите дека сте биле цел на лажен маркетинг за пакети од трети лица кој не се дел од нашата компанија поради дојавата или учеството во докажувањето, веднаш треба да нè известите преку соодветниот линк или електронска пошта зададена подолу. 

Сите такви известувања ќе бидат истражени темелни и доверливо.

За повеќе информации, погледнете ја политиката за укажување на SHOUTcast.mk.

Пријави неправилности преку електронската адреса support@shoutcast.mk или преку следниов линк.

 

Со почит,

Администрација

SHOUTcast.mk